X
 20.08.2025 Образование

УКЛО со повик до идните студенти: Изберете универзитет што го вреднува потенцијалот на младите

Во периодот на запишување на новата генерација студенти, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола го засилува фокусот на една важна порака: секој студент е повеќе од бројка и административен процес.

Како државен универзитет вклучен во силна регионална и европска мрежа, УКЛО гради академска средина што нуди квалитетно образование и активно го препознава и развива индивидуалниот талент и ангажман на своите студенти.

Ректорот, проф. д-р Игор Неделковски, истакнува дека студирањето на УКЛО не е само стекнување диплома, туку искуство во кое студентите се охрабруваат да размислуваат критички, да дејствуваат активно и да создаваат промени. Со 1.199 слободни места во државната квота, УКЛО нуди можности за упис на сите заинтересирани и се упатува повик до кандидатите да го искористат првиот уписен рок и да обезбедат место во државната квота со оптимален број слободни места.

1

Европска перспектива – со УКЛО во COLOURS алијансата

Како дел од Европската универзитетска алијанса COLOURS , Универзитетот е еден од деветте универзитети, вмрежен со универзитети од Германија, Франција, Шпанија, Италија, Шведска, Полска, Хрватска и Латвија, со над 120.000 студенти. Сето тоа значи: мобилности, пристап до европски проекти и истражувања, изборни предмети од партнерски универзитети, практична работа во европски институции, поддршка за иновативни идеи и претприемништво.

Покрај ова, УКЛО се гордее со уште една своја предност што се остварува преку концептот - УКЛО таленти. Станува збор за студенти кои се истакнуваат, кои добиваат финансиска поддршка и стипендии уште за време на студиите, можност да станат тутори или асистенти, да добијат менторска поддршка од наставен кадар, вклучување во научно-истражувачки тимови, поддршка за личен и професионален развој.

Проректорката за студентски работи, проф. д-р Јасмина Буневска Талевска, нагласува дека Универзитетот активно работи на создавање амбиент каде талентираните студенти се вреднувани, мотивирани и водени кон успех. УКЛО веќе има донесено стратешки документи кои системски го регулираат пристапот кон поддршката на надарени и талентирани студенти: документи, со кои Универзитетот се легитимира во македонскиот, но и поширокиот европски образовен простор како препознатилив носител на промените и третманот на надарените и талентираните во студентската популација.

Новата академска парадигма „Талентите за УКЛО – УКЛО за талентите“ – поинаков пристап кон високото образование

uklo

Во својата колумна, врвниот експерт и професор на Педагошкиот факултет – Битола, Љупчо Кеверески, го посочува УКЛО како универзитет кој создава нова парадигма: образовен модел во кој индивидуалниот капацитет на студентот е во сржта на наставата. Оваа парадигма не е само академска иновација, туку и стратешки исчекор кон интегрирање на индивидуалниот потенцијал во колективниот напредок на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Младите луѓе знаат дека изборот на универзитет е избор што ја одредува нивната професионална иднина и сопствената перспектива. Со УКЛО добиваат поддршка, знаење и можност за индивидуален развој како професионалци и како личности и тоа уште во првиот уписен рок може да го постигнат до 27 август 2025 година или во следните уписни рокови во септември, што ќе се реализираат на 15 и 16.9.2025 и на 24.9.2025 година. Запиши се сега, затоа што на УКЛО секој студент е вредност.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование