X
 20.09.2022 Живот

Француски остров чија природа не дозволува да возите автомобил

Бреа е остров кој се наоѓа на северниот брег на Бретања, во регионот Арморски Брегови. Познат е и како Островот на цвеќето, што е соодветно име со оглед на негуваната и бујна вегетација.

Всушност, станува збор за два острова со приближно иста големина кои се поврзани со мост. Околу нив има многу помали острови кои заедно го сочинуваат архипелагот Бреа. Заштитен знак на островот се изразените плима и осека, па затоа наутро може да пешачите по брегот, а навечер да се возите со брод по истиот пат. Тука цвеќињата се најважни, ги има во сите облици и типови, а локалното население е исклучително гордо на своите градини.

2
Фото: Instagram

Северниот остров претежно е дефиниран со висорамнини и ридови, додека јужниот остров има медитерански карактер, со егзотични растенија. Овој контраст во голема мера е одговорен за популарноста на островот.

До островот може да се стигне со траект или брод. Местото каде што туристите обично слегуваат е пристаништето Клос. Ова пристаниште е опкружено со атрактивни вили и градини кои повеќе личат на југот на Франција отколку на северниот и постуден дел од земјата. Брегот е шарен, со мали пристаништа и плажи.

3
Фото: Instagram

Островот најдобро се доживува со велосипед или пешки, а ќе ви бидат потребни најмногу три часа. Главниот град на Бреа, наречен Ле Бур, изобилува со културно-историски содржини и секако - цвеќиња. Пред неколку децении градот беше збирно место на постимпресионистичките уметници.

Во летните месеци на островот има дури 5.000 жители. Во зима бројот на жители е речиси десетпати помал. На островот не се дозволени автомобили. Сè е подредено на законите на природата.

4
Фото: Instagram

Сосема поинаков вид рај


Ако барате идеален космополитски одмор со возбудлив ноќен живот, тогаш овој остров е вистинското место. Всушност, тоа е место кое не може да биде поразлично од познатите градови во Франција. Тука е многу поголема веројатноста да се судрите со рак кој шета по брегот отколку со човек. Токму во ова е шармот на островот. Ова место нуди сосема поинаков вид одмор, мир, тишина и природа.

Извор: b92.net
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот