X
 20.11.2019 Технологија

Технологии што го сменија начинот на водење бизнис

Дека технологијата целосно го смени светот, економијата, односно бизнисот во целина им е јасно и познато на сите. Отворени се целосно нови и претходно незамисливи гранки во бизнисот кои им овозможија водење бизнис на сосема нова категорија луѓе.
Сепак, придонесот на технологијата во промената на бизнисите во светот не се гледа само во новоотворените области за водење бизнис. Слободно може да се каже дека исто така голема и важна промена има и кај постојните бизниси кои добија нови алатки и можности за унапредување на работењето, ефикасноста, организацијата...



Познато е дека активности што порано биле невозможни или сложени и требало долго време да се направат, во денешно време се достапни со еден клик, а тоа особено важи откако почна да се развива машинското учење, како и вештачката интелигенција генерално.

Развојот на технологијата овозможи и воведување нови практики на работа, практики кои претходно едноставно биле невозможни или биле премногу сложени и воопшто не се применувале. Влијанието на технологијата и начинот на кој таа го промени водењето бизнис најдобро е да го прикажеме преку примери.

Како технологијата го смени начинот на водење бизнис, би можело да се прикаже преку едно вакво сценарио: компанијата „1“ работи во областа на прехранбената индустрија, таа работи успешно и поседува повеќе камиони со кои ги превезува своите производи до маркетите за малопродажба. Поради потребата прехранбените производи да се чуваат на пониска температура, компанијата користи камиони-ладилници. Поради ненамерна грешка во регулирање на температурата во ладилникот, многу често се случувало да се расипат сите транспортирани продукти, а сопственикот да претрпи голема материјална штета или уште полошо, така да стигнат на рафтовите во продавниците.

Денес, секоја компанија може да купи сервис кој ќе овозможи постојано следење на температурата во фрижидерот од камионот. Секоја промена до која ќе дојде веднаш може да биде регистрирана од страна на вработените во центарот за контрола и да се реагира кога тоа е потребно, пред да дојде до некаков проблем.
Тоа значи дека доколку поради некоја причина, расипување на моторот или заборавање на вратата отворена од страна на возачот дојде до зголемување на температурата над одредено ниво и време, компанијата веднаш ќе знае за овој случај и соодветно и навремено ќе реагира.

Оваа услуга, која овозможува мониторинг на температурата и уште многу други поволности, е Fleet Management и е достапна за сите компании во Македонија преку „Македонски телеком“.

Друго сценарио: компанијата „2“ е компанија што работи со производство и продажба на мебел. Оваа компанија знае дека за да може да го продаде тоа што е во можност да го произведе, ќе треба да отвори повеќе продавници. Меѓутоа, наместо непотребно да инвестира во поголем број продавници, дел од продажните места може да ги замени со онлајн-продавница.

На овој начин клиентите ќе можат да се запознаат со производите од компанијата уште пред да дојдат во некоја од продавниците, а исто така можат и да купат производ директно од веб-страницата на компанијата.
Ова се само неколку примери од кои се гледа дека технологијата не само што го унапредува работењето туку заштедува и време и пари со услуги кои се лесно достапни во нашата земја, за сите типови бизниси.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија