X
 20.11.2020 Образование

Избрани претседател и членови на Универзитетското студентско собрание на УКЛО

Дона Петрова, редовна студентка на Правниот факултет, со тајно гласање е реизбрана за лидер на студентите на УКЛО. На конститутивната седница покрај успешниот изборот на претседател и членови на раководството на Универзитетското студентско собрание, избрани се и претставници на студентите во органите и телата на Универзитетот.

дона петрова
Дона Петрова

Претседателот на УСС, Дона Петрова, и во вториот мандат најавува успешно извршување на функцијата и изразува верување дека со раководството на УСС и сите студенти на УКЛО ќе работат за уште поголема поддршка и помош за студентите, како и за зголемување на сите студентски активности. Во интервјуто за Факултети.мк по повод нејзиниот повторен избор за лидер на студентите на УКЛО посочува:

- Лидерството на едно тело какво што е Универзитетското студентско собрание бара одговорност  и прецизност, затоа што најголемата цел на Собранието е да ги заштити правата на студентите и да им овозможи повисок студентски стандард. Ваквата нова организираност е многу битна за студентите, затоа што конечно имаат легитимни претставници во сите органи на Универзитетот, каде што се одлучува за сите битни процеси во текот на студирањето. Преку студентското организирање студентите имаат можност да се изборат за голем број промени и нивниот став се движи во насока да ги променат сите пречки и да воведат голем број новини во самото студирање, со што се подобрува и образовниот процес, а со тоа и квалитетот на Универзитетот.

1

2

Во изминатата година УСС имаше многу поинаква замисла во однос на своето работење, имавме подготвено одличен план и  програма, со временска рамка која ја опфаќаше целата академска година, меѓутоа, корона-кризата и префрлувањето на животните процеси од реалниот свет во виртуелниот свет нè натераа нас, како собрание да  ги префрлиме нашите активности на социјалните мрежи и на тој начин да се приспособиме на ситуацијата и да ја продолжиме својата работа. Претходната година нè научи да се соочиме со големи предизвици, и резултатите покажаа дека одлично се изборивме со нив.

Во оваа академска година ќе продолжиме континуирано да работиме на проектите што ги започнавме претходната година и имаме цел да ги спроведеме сите активности што ни беа целосно подготвени за реализација од ланската програма. Благодарение на довербата што ја добивме од студентите, научивме со кои проблеми се соочуваат и активно работиме на нивно отстранување. Најголемата поддршка ја добиваме од Ректоратот на Универзитетот, со кој со заеднички сили ги пребродуваме сите проблеми што се појавуваат или датираат од поодамна.

3

5

Исто така, поддршка и соработка добивме од огромен број невладини организации, институции, и секако од универзитетските студентски собранија на повеќето универзитети во државата. Нашата плодна соработка најдобро се забележува преку потпишувањето ,Декларација за млади, образование и иднина’ од страна на УСС на универзитетите  „Св. Кирил и Методиј“, „Св. Климент Охридски“, „Гоце Делчев“, „Мајка Тереза“ и Универзитет на Југоисточна Европа, каде што со сериозни новини, заедно со Министерството за образование и наука, гледаме да го подобриме високото образование на ниво на цела држава.


Постапката и процедурите за конституирање на Универзитетското студентско собрание на УКЛО (УСС УКЛО), тело на Универзитетот во кое членуваат претставници на студентите од факултетските студентски собранија/студентското собрание на високата медицинска школа, се реализирани во согласност со Законот за високото образование.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование