Опседнати сте со храна и сакате да патувате и притоа сакате да го споделувате сето тоа на социјалните мрежи? Тогаш ова е работа за вас.
Азиската прехранбена марка „Амој“ е во потрага по својот нов CEO – но не станува збор за главен извршен директор, туку за Chief Eats Officer што во буквален превод би бил главен љубител на јадењето или главен дегустатор кој ќе ги документира своите кулинарски авантури низ Кина и Јапонија.
Избраниот кандидат ќе има 18 ноќевања на гастрономска турнеја низ овие две земји, со целосно платени летови, сместување и надомест од 1.150 евра за дегустација на локални специјалитети.
Да, добро прочитавте. Можете да се шетате низ ноќните пазари во Токио, да уживате во храната во Гуангжоу или да се охрабрите со огнената сечуанска кујна во Ченгду и притоа да заработувате.
- Бараме некој со голем апетит и страст да ги следи сопствените вкусови низ светот. Се надеваме дека нивното патување ќе ја инспирира нацијата да стане пољубопитна и посигурна во кујната кога станува збор за азиските вкусови - вели Габриел Тресмонтан, директорот на „Амој“ за Велика Британија.
Како да се пријавите?
Кандидатите треба да објават видео од 30 до 120 секунди на „Инстаграм“ или „Тик-ток“ каде што на креативен начин ќе го прикажат и искористат нивниот омилен производ од „Амој“. Крајниот рок за пријавување е 12 август, а сите детали и правила може да се најдат
ТУКА.
Извор:
Timeout.com
Фото: Freepik