X
 21.09.2018 Технологија

Асанж: Генерацијата што е родена сега е последната слободна генерација

Пред врската со светот на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, да биде „отсечена“ во Амбасадата во Еквадор, тој го дал последното интервју за тоа колку технолошките достигнувања го менуваат човештвото.

Асанж, кој моментално живее во Амбасадата на Еквадор во Лондон и нема никаква врска со надворешниот свет, освен со својот правен тим, има прилично лоши предвидувања за правецот кон кој се движи човештвото. Тој вели дека глобалниот надзор наскоро ќе стане целосно неизбежен.

Во интервју што го пренесува „Русија денес“, Асанж вели дека наскоро ќе стане невозможно за  кое било човечко суштество да не биде вклучено во глобалната база на податоци што ја имаат владите на државите или ентитетите слични на држави.

генерација
Фото: Mondo


- Оваа генерација што е родена сега е последната слободна генерација. Родени сте и веднаш по раѓањето или за една година станувате глобално познати. Вашиот идентитет, во една или во друга форма, е откриен како резултат на однесувањето на вашите идиотски родители кои го објавуваат вашето име и фотографиите на „Фејсбук“, но и преку пријавите за осигурување или за добивање пасош. Овие податоци им стануваат познати на сите главни светски сили.

Така, малото дете веќе стапило во врска со сите глобални сили. Тоа нѐ става во многу тешка позиција. Мал број луѓе може да живеат надвор од сето ова, да изберат да не бидат дел од ова, да изберат свој пат. Сето тоа ми мириса на тоталитаризам, барем на некој начин - вели основачот на „Викиликс“.

Способноста за собирање и преработка на информациите за луѓето постојано расте и така ќе продолжи во иднина.

- Погледнете што прават „Гугл“, „Баиду“, „Тенсент“, „Амазон“ и „Фејсбук“. Тие вршат отворени исеченици и го собираат знаењето на човештвото додека ние го изнесуваме комуницирајќи едни со други. Овој класичен модел, кој луѓето на академијата го нарекуваат „надзорен капитализам“, сега менува сѐ - вели Асанж.

- Станува збор за многу важна и сериозна економска промена. Целта е постојниот модел на капитализам да се претвори во модел што сѐ уште нема име. Целта му е да го искористи овој голем резервоар на информации за да создаде различни видови вештачки интелигенции - продолжува Асанж.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија