X
 21.10.2019 Технологија

„Самсунг“ призна дека сечиј отпечаток од палец може да го отклучи новиот телефон

Технолошкиот гигант „Самсунг“ призна дека маана на паметниот телефон „галакси S10“ е дека секој отпечаток од палец може да го отклучи телефонот - изненадувачка безбедносна грешка на најголемиот ривал на „ајфонот“.

Од компанијата потврдија и дека се свесни за случајот со дефектот поврзан со препознавање отпечатоци од прсти и дека наскоро ќе издадат софтверска поправка.

Ранливоста на телефонот била забележана од страна на една Британка, која утврдила дека може да го отклучи телефонот со двата палци, иако го кофигурирала да го препознава само десниот. Кога ја забележала мааната, го повикала и сопругот за да го отклучи телефонот и потоа алармирала откако сфатила колку е сериозен проблемот.

Според западните медиуми, иронично е тоа што кога „Самсунг“ го лансира телефонот годинава, за системот за проверка на автентичноста со помош на отпечаток од прст рече дека е „револуционерен“.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија