X
 21.10.2022 Култура

Излезе трејлер за новата сезона на „Круната“

Пристигна трејлерот за петтата сезона на серијата „Круната“ (The crown). Трејлерот пристигна неколку недели пред сезоната да почне да се прикажува на „Нетфликс“.

Новата сезона ќе се фокусира на бракот и разводот на принцот Чарлс и принцезата Дијана. Во трејлерот го гледаме и замокот „Виндзор“ зафатен од пожар.

Во новата сезона кралицата Елизабета Втора ја толкува Имелда Тонтон.

Сезоната ќе почне да се прикажува на 9 ноември.


Извор: Indy100
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура