X
 21.11.2022 Култура

Долгоочекуваната серија „1899“ пристигна на „Нетфликс“

Јентји Фриз и Баран бо Одар, автори на популарната научнофантастична серија „Темнина“ (Dark), имаат нова серија која многу ветува. Станува збор за „1899“, долгонајавувана серија која е достапна на „Нетфликс“ од 17 ноември.

Одредени критичари ја опишуваат како хорор-мистерија, но таа се смета за драматичен трилер со елементи на научна фантастика. Приказната во серијата е сместена на крајот од 19 век, а таа се врти околу група патници на голем прекуатлантски брод на пареа.

Бродот добива повик за помош од друг брод, а капетанот одлучува да ја смени насоката со надеж дека ќе го најде бродот од истата компанија кој исчезнал четири месеци претходно. Излегува дека повикот навистина пристигнал од изгубениот број, но тука настанува заплетот.

Авторите успеваат да го задржат вниманието на гледачите докрај, а во првите четири епизоди воопшто не може да се претпостави за што станува збор. Интересно е и тоа што на бродот се наоѓаат припадници од различни националности, па има дијалози на француски, англиски, полски, португалски, шпански, дански и на германски јазик.

Коментарите за серијата се поделени и додека едни се воодушевени од неа, друг дел од гледачите сметаат дека таа не е добра. Останува да ја погледнете за да видите во која група сте вие.


Извор: Studentski
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура