X
 21.12.2021 Култура

Излезе трејлер за специјалната епизода за „Хари Потер“

Се приближува премиерното прикажување на специјалната епизода со актерите од филмовите „Хари Потер“.

Актерите Даниел Редклиф, Ема Вотсон и Руперт Гринт се собрале во заедничката соба на куќата „Грифиндор“ во трејлерот за епизодата која штотуку излезе. Во трејлерот ги гледаме и актерите Том Фелтон, Хелена Бонам Картер, Ралф Фајнс.

Специјалната епизода треба да ја одбележи 20-годишнината од првиот филм. Таа доаѓа на Ејч-би-о на 1 јануари.


Извор: Mashable
Фото: YouTube (Printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура