X
 22.03.2022 Култура

Ова е еден од најпопуларните документарци на „Нетфликс“ во моментов

Новиот криминалистички документарец на „Нетфликс“ наречен „Лош веган“ (англ. Bad Vegan) стана голем хит набргу откако почна да се емитува, а многу гледачи го сметаат за пошокантен од „Тиндлер свинлдер“ (англ. Tinder Swindler).

„Лош веган“ почна да се емитува на популарната стриминг-платформа на 16 март, има четири епизоди и ја продолжува традицијата на документарни филмови како „Тиндер свиндлер“ и „Измислувајќи ја Ана“. Документарниот филм, во режија на Крис Смит, ја следи приказната на еден од најпознатите вегански ресторани во светот, „Пјур фуд енд вајн“, чија сопственичка стапила во врска со Ентони Странгис и му доверила голем дел од нејзиниот имот врз основа на неколку празни и донекаде бизарни ветувања.

Сарма Мелнгаилис, шефица на „Пјур фуд енд вајн“, се омажила за Шејн Фокс, чие вистинско име е Ентони Странгис, а за време на нивната врска и брак му дала дури 2 милиона долари, кои ги украла од вработен. Наводно ја манипулирал и дури успеал да ја убеди дека може да го направи нејзиното куче бесмртно.

Приказната за измамата ја раскажува самата Мелнгаилис, додека Странгис воопшто не се појавува, туку го слушаме исклучиво преку снимки од разговори. „Нетфликс“ вклучи дури и снимка од разговор меѓу нив двајца во која се смеат по отслужувањето на затворската казна, што наводно се случило во 2019 година. Мелнгаилис тврди дека крајот на документарецот е неточен.

- Не сум во контакт со Ентони, а снимката е направена многу порано. Има уште неколку работи што се неточни и би сакала да добијам шанса да ги разјаснам - напиша таа на својата веб-страница.

Корисниците на „Нетфликс“, судејќи според коментарите на социјалните мрежи, се презадоволни од серијата, а многумина веруваат дека „Лош веган“ е уште пошокантен од неодамнешниот хит „Тиндер свиндлер“.

- Заборавете на „Тиндер свиндлер“, гледајте го „Лош веган“. Вилицата ми е на подот.
- Ако мислевте дека „Тиндер свиндлер“ е шокантен документарец, почекајте да го гледате „Лош веган“.
-  На човек кој ти кажа дека твоето куче ќе го направи бесмртно му даде 1,7 милион долари? се само дел од коментарите на социјалните мрежи.



Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура