X
 18.12.2015 Култура

Местата кадешто се среќаваат трите временски зони

Кога италијанскиот математичар Кирико Филопанти за прв пат ја предложи неговата идеја за временски зони во неговата книга „Miranda!“ објавена во 1858 година, тој предложил светот да биде поделен надолжно во 24 еднакви временси зони, каде секоја зона ќе се разликува од претходната за еден час.

 

2


Но, реалниот свет ретко е толку едноставен. Под влијание на политички, географски и општествени промени, светот прифатил многу посложен систем каде временските зони се разликуваат по три четвртини, половина па дури и четвртина од еден час. Денес постојат околу 40 различни временски зони.

Со толку многу различни временски зони, императив е дека некои од нив ќе се сретнат на повеќе од една точка. Постојат точно 22 места, според одредени извори, каде се среќаваат повеќе од три временски зони. Некои од нив се очигледни, како границите помеѓу нациите кои имаат различни временски зони. Најчудните се оние кои се во Австралија поради начинот на кој земјите во државата го следат времето.

 

1


Австралија има три временски зони, но од пролет до есен, кога Нов Јужен Велс и Јужна Австралија ги прилагодуваат часовниците за зачувување на дневната светлина, се појавуваат уште две временски зони. Овие временски зони, кои се разликуваат една од друга со 30 минути, се среќаваат на различни места. Најпопуларно место е Камерун Корнер во дивината на Источна Австралија, кадешто се среќаваат границите на Квинсленд, Јужна Австралија и Нов Јужен Велс. Другите се во Поепел Корнер и Сурвејор Џенералс Корнер.

 

3

4


Доколку стоите на некои од овие локации, тогаш вие ќе бидете во три различни временски зони во исто време. Искористувајќи ја како предност оваа аномалија, повеќе од илјада луѓе го посетиле Камерон Корнер на 31 декември 1999 година за да можат да го прослават доаѓањето на новиот милениум три одделни пати.

Друго интересно место кадешто се среќаваат неколку временски зони е Антарктикот. Лоциран на Јужниот Пол, каде секоја линија на должина се среќава, може да паднете во искушение да мислите дека тука се среќаваат сите временски зони, но ова не е случајот, затоа што временски зони ретко се придружуваат на географските поделби.

 

6


Поради екстремните дено-ноќни циклуси близу солсцитицумите во јуни и декември, тешко е да се утврди на Антарктикот која временска зона е соодветна. Наместо тоа, истражувачите кои работат на неколку станици, ги прифаќаат временските зони од земјата од која потекнува базата. Така на пример, МекМурдо станицата и Амундсен-Скот јужен пол станицата ја користат временската зона на Нов Зеланд бидејќи нивната главна база за снабдување е Крајстчерч, Нов Зеланд. Голем дел од областите (означени со црвено на мапата погоре) немаат временска зона и го следат универзалното време.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура