X
 22.05.2021 Образование

Студенти на ФИНКИ во обид да го појаснат глобалното затоплување и неговиот ефект

Студентите Јана, Моника, Никола и Иво од ФИНКИ изработија проект насочен кон еден од најголемите проблеми со кои се соочуваме во денешницата - глобалното затоплување. Според нив, тоа се должи на ефектот на стаклена градина, каде што стакленичките гасови озон, метан, јаглероден диоксид и водена пареа ја задржуваат топлината на Земјата, што резултира со брзо зголемување на температурата. Како ,други причини за оваа појава се наведени, горењето на фосилни горива, сечење на шумите, распаѓање на органски материи и извлекување на природен гас и нафта.  

- За жал, свеста на човекот за овој проблем е на многу ниско ниво, и токму тоа нè поттикна да зборуваме на оваа тема и да ги предизвикаме луѓето да дејствуваат. Мали промени во секојдневието на секој поединец, како поставување филтри на оџаците од фабриките, забрана за сечење и садење повеќе дрвја, користење на сончевата енергија наместо нуклеарни централи и термоцентрали, промена во автомобилската индустрија се предизвици кои мора да ги прифатиме за човештвото и живиот свет да имаат здрава и чиста средина за живеење - велат студентите.



Јана, Моника, Никола и Иво работат на проект со цел да ги појаснат работите за глобалното затоплување и неговите последици по предметот Медиуми и комуникации. Тие анкетираа голем дел од студентите на ФИНКИ од различни возрасти и резултатите кажуваат дека младите до одреден степен се свесни за случувањата, но ретко кој дејствува со цел да се спречи оваа појава. Голема улога игра и недоволната информираност на луѓето од страна на различни медиуми.

Учениците Јана, Моника, Никола и Иво учествуваат на многу проекти, како што се „Засади дрво“, „Отпадот прво се селектира, па се рециклира“ и сл.
Последната акција што ја спроведоа беше во соработка со невладината организација „Ротаракт Клуб Скопје-Центар“ за чистење на националниот парк Маврово.




Полот кај студентите на ФИНКИ и свесноста за опасноста од глобалното затоплување и неговото влијание врз топењето на ледените плочи се независни.

Глобалното затоплување претставува огромна закана за Земјата и за луѓето низ светот. Најголемиот дел од луѓето, без разлика на полот, не се свесни за последиците од глобалното затоплување и воопшто не размислуваат на оваа тема, па така и студентите на ФИНКИ. 71% од површината на Земјата е вода, а само 29% копно. Со енормното топење на глечерите и огромните површини мраз нивото на водата постојано расте, а копното се намалува. Голем дел од државите веќе ги имаат почувствувано последиците од ова затоплување и ударите што им ги враќа Земјата како резултат на нивната неодговорност. Населението на ниските острови што се наоѓаат во Тихиот Океан постепено се евакуира на соседните острови, кои ги очекува истата закана од потоп во наредните децении. Не само островите имаат закана од топењето на глечерите и покачување на морското ниво. Голем број држави се справуваат со поплави и поројни дождови кои настануваат од испарување на големите површини вода. Исто така, огромна закана се и ледничките езера. За жал, поголемиот дел од луѓето не преземаат ништо во врска со ова. Нашите секојдневни активности придонесуваат за глобалното затоплување, а ние не сме свесни за тоа. Возењето автомобил, непотребното трошење електрична енергија, која за да се произведе главно се гори јаглен и разни материи кои го нарушуваат озонот. Секој поединец треба да преземе посериозни мерки во врска со овој проблем, како што се еколошките акции, субвенции за соларни панели, изградба на ветерници, велосипедски патеки, забрани за греење со дрва, нафта и други супстанци. Исто така, итно е потребно да престане тестирањето и употребата на нуклеарното оружје, кое во огромна мера го нарушува озонот и овозможува сончевите зраци посилно да удираат во глечерите.


Недоволната информираност на студентите на ФИНКИ од страна на медиумите за глобалното затоплување и годината на студии не се независни.

„Кинеската академија на науки по долгогодишно истражување дошла до заклучок дека човечките активности придонеле за поместување на површината на Северниот Пол за околу 4 метри од 1980 до денес“ - вели британскиот весник и портал „Гардијан“. Информираноста на луѓето многу зависи од тоа колку медиумите се активни и известуваат во одредени делови од светот. Вести за глобалното затоплување и климатските промени многу почесто се објавуваат во западните и развиените земји, за разлика од земјите во транзиција каде што има недостиг на информации од овој тип.
Многу голема улога за тоа колку се информирани студентите игра и нивната возраст, која се одразува преку годината на студии. Со приближување кон крајот на студиите, веруваме дека студентите размислуваат позрело и повеќе на оваа тема, бидејќи почесто во секојдневниот живот се информираат за проблеми кои ги предизвикува глобалното затоплување. Најчесто информациите за оваа тема студентите на ФИНКИ ги добиваат од странски медиуми, документарци, филмови. „Температурата на Арктикот се зголемува двапати повеќе во однос на другите делови од светот“. „Просечната температура се зголемила за 2,3°C од 1970 г. до денес“. „До 2100 година поларните мечки би можеле да се соочат со изгладнување и проблеми со репродукција дури и во северниот дел на Канада“. Сите овие информации се сретнуваат во најразлични медиуми од светот. Но, не секој има можност да дојде до ваков тип информација, па затоа еден дел од популацијата и не е запознаена со темата глобално затоплување и како тоа влијае врз Северниот Пол.




Малиот интерес од страна на студентите на ФИНКИ за спречување на глобалното затоплување не зависи од полот.

Недоволното познавање на ризиците и последиците од глобалното затоплување доведува до тоа луѓето, како и студентите на ФИНКИ, да не покажуваат интерес за превенција на оваа појава. Ова се појавува како последица на недостиг на информации од страна на медиумите. Луѓето не веруваат дека дејството на поединецот може да направи одредена промена која позитивно ќе влијае врз поголемата слика. Човештвото не може да го спречи глобалното затоплување „преку ноќ“, ниту пак во блиска иднина, но учеството во одредени акции и настани за спречување на оваа појава може да придонесе многу и за нас и за генерациите после нас. Кај младите, особено студентите на ФИНКИ, многу ретко може да се забележи каква било активност за подигнување на свеста кај луѓето за зачувување на средината, како прв чекор кон спречување на глобалното затоплување и последиците од него. Кај мажите и жените, конкретно студентите на ФИНКИ, постои ниско ниво на свест дека нивниот интерес за превенција на глобалното затоплување негативно влијание врз флората и фауната на Северниот Пол. Мали промени во секојдневните активности во нашите животи може да имаат позитивен ефект врз целата планета, особено Арктикот, и да резултираат со намалување на брзината на ширење на оваа појава. Покрај можностите за рециклирање, користење обновлива енергија, штедење вода, садење дрва, исклучување на струја и уреди кога не се користат, користење јавен превоз кога е можно, сепак, интересот кај луѓето, без разлика на полот, за преземање на овие активности е сведен на минимум. И покрај тоа што луѓето се оние што го предизвикуваат глобалното затоплување, не земаат доволно големо учество за спречување на оваа појава, која претставува најголема закана за човештвото и за живиот свет.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование