X
 22.06.2020 Здравје

Денеска 90 новозаразени, 48 оздравени и 9 починати од коронавирус

Во последните 24 часа се направени 665 тестирања, а регистрирани се 90 нови случаи на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

Новозаболените според градови се од: Скопје-36, Куманово-2, Штип-8, Тетово-4, Струга-10, Велес-2, Битола-2, Охрид-13, Гостивар-1, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Свети Николе-2, Ресен-6.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 48 оздравени пациенти од: Скопје-9, Штип-30, Тетово-1, Велес-1, Гостивар-4, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-1.

Починале 9 лица, пет од Скопје, двајца пациенти од Тетово, еден од Охрид и еден од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починал пациент од Скопје (90 г.), хоспитализиран на 15 јуни. На Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ починал пациент од Скопје (64 г.).

Во ГОБ „8 Септември“ починале пациентка (70 г.) од Скопје, хоспитализирана на 10 јуни, пациент (61 г.) од Гостивар, хоспитализиран на 17 јуни, и пациент од Скопје (57 г.), примен на 17 јуни. На барање на семејството бил испишан од болница пациент од Скопје (64 г.), кој починал во автомобил по заминувaњето. Тој бил хоспитализиран на 17 јуни во тешка состојба како сомнителен на Ковид-19, а по приемот било потврдено дека е позитивен.

Во КБ Тетово починати се две лица, пациент (60 г.), хоспитализиран на 20 јуни и пациентка (70 г.), хоспитализирана на 15 јуни. Во ОБ Охрид вчера е починат пациент (64 г.), чиј позитивен резултат е потврден денеска.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.196, бројката на оздравени пациенти е 1.974, на починати е 247, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.975.

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 2.534, активни 1.721
• Куманово 694, активни 241
• Дебар 82, активни 30
• Штип 275, активни 188
• Прилеп 231, активни 18
• Тетово 538, активни 326
• Струга 180, активни 100
• Велес 167, активни 33
• Битола 42, активни 13
• Охрид 112, активни 92
• Кавадарци 11, активни 6
• Гостивар 83, активни 50
• Гевгелија 9, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 10, активни 6
• Крива Паланка 11, активни 5
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 61, активни 27
• Пробиштип 13, активни 10
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 6, активни 4
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 2
• Свети Николе 16, активни 14
• Кичево 8, активни 5
• Ресен 65, активни 64
• Неготино 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Состојбата со активни случаи по општини во Скопје заклучно со вчера е следна:

• Чаир – 394
• Аеродром - 135
• Бутел - 144
• Гази Баба - 156
• Центар – 137
• Карпош – 116
• Сарај – 137
• Кисела Вода – 98
• Ѓорче Петров – 83
• Студеничани – 86
• Шуто Оризари – 73
• Арачиново – 55
• Илинден – 31
• Петровец – 14
• Чучер Сандево – 16
• Сопиште – 13
• Зелениково-2
• Странец – 4
• Нераспределен-4

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје