X
 22.06.2023 Забава

Полицијата во Индија „вработува“ гулаби во случај на прекин на комуникациите

Во денешното време на интернет и масовна комуникација, полицијата во источната индиска држава Одиша чува јато гулаби во случај на прекини на комуникацијата за време на катастрофи.

Полициските станици во Индија користат гулаби уште од времето на британското колонијално владеење. Денеска државната служба за гулаби-превозници „вработува“ повеќе од 100 птици.

- Гулабите ги чувавме заради нивната вредност и да ги зачуваме за идните генерации - изјавил Сатиш Кумар Гајбхије, инспектор од областа Катак.

Полицијата тврди дека гулабите, кои летаат со брзина до 55 километри на час до 800 километри, барем двапати биле клучни во последните 40 години. Тие одиграле клучна улога во 1999 година откако бура ги прекинала комуникациските линии, како и во 1982 година за време на разорни поплави во делови од државата.

По правило, гулабите носат пораки напишани на лесна хартија ставена во капсула и врзана за нивната нога. Истражувањата покажуваат дека гулабите можат да детектираат магнетни полиња и да одредат локација на оддалеченост од неколку илјади километри.

Извор: Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава