X
 11.01.2023 Спорт

Англиската полиција ќе посетува домови за да спречи нелегално следење на Премиер лигата

Полицијата во Велика Британија наредната седмица ќе посети 1.000 домови за да ги предупреди фудбалските навивачи дека може да бидат казнети доколку продолжат да гледаат натпревари на Премиер лигата на Англија на нелегални уреди.

Властите соработуваат со инспектори за борба против пиратеријата од Здружението за кражба на авторски права во операцијата наречена „Рејдер“. Во рамките на операцијата ќе се следат поединци кои нелегално гледале натпревари во Англија, но и пошироко, преку нелегални уреди.



Затоа полицијата ќе влегува во домовите на жителите за да ги предупреди на последиците од нивните постапки. На одредени поединци може да им бидат врачени известувања и да им биде речено да престанат да ги користат уредите за да одбегнат санкции. Властите сметаат дека оваа практика може да им помогне да пронајдат организирани криминални групи.

- Пристапот до филмови, телевизиски серии и спортски настани во живо од неовластени извори е незаконски. Тоа може да ги изложи потрошувачите на ризик, како што е кражба на податоци, и може да помогне во финансирањето на организираниот криминал - изјавил главниот инспектор од полициската единица за криминал против интелектуална сопственост, Гери Робисон.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт