Кога станува збор за Супер боул, големите брендови не штедат на креативноста, нудејќи реклами полни со ѕвезди и доза на носталгија.
Од Бен и Кејси Афлек во новата реклама за „Данкин“ до необичната реклама на „Мантуин дју“ со пејачот Сил во главна улога.
Пејачот Сил станува фока во рекламата на „Маунтин дју“
Во оваа реклама пејачот Сил хумористично се претвора во фока и ја изведува „Kiss from a Lime“, забавна верзија на неговиот хит „Kiss from a Rose“.
Сместена на Баја бич, рекламата ја прикажува пејачката Беки Г. како ужива во пијалакот „Mountain Dew Baja Blast“, кој ја пренесува во тропски амбиент каде што Сил, во лик на фока, води хор составен од морски животни.
Кулминацијата на рекламата доаѓа кога неговото моќно пеење предизвикува ерупција на вулкан, а орки скокаат воодушевено.
Мег Рајан и Били Кристал повторно заедно во рекламата на „Хелманс“
„Хелманс“ ги враќа Мег Рајан и Били Кристал во култната њујоршка деликатесна продавница „Катз дели“ за реклама што носталгично се потпира на „Кога Хари ја сретна Сали“. Рекламата завршува со изненадувачко појавување на Сидни Свини, која ја изговара прочуената реплика: „Ќе го нарачам она што го нарача таа“.
Бен и Кејси Афлек, заедно со Џереми Стронг, во новата реклама на „Данкин“
Бен Афлек повторно го облекува својот препознатлив костум за новата реклама на „Данкин“, но овој пат му се придружува неговиот брат Кејси Афлек. Оваа реклама е продукција на „Артистс еквити“ – компанија на Бен Афлек и Мет Дејмон и е третото појавување на „Данкин“ на Супер боул.
Метју Меконахи истражува „теорија на заговор“ во рекламата на „Убер итс“
Во новата реклама на „Убер итс“, Метју Меконахи доаѓа до бизарна теорија – дека целата историја на американскиот фудбал е заговор за да нè направи гладни.
Во ѕвездениот спот „Century of Cravings“, Меконахи се појавува заедно со Кевин Бејкон, кој на шеговит начин го поврзува своето презиме со историјата на спортот. Рекламата кулминира кога Меконахи ја претставува својата луда идеја пред режисерката Грета Гервиг.
Пост Малоун и Шејн Гилис прават хаос во рекламата на „Бад лајт“
„Бад лајт“ повторно соработува со Пост Малоун, овој пат во друштво на комичарот Шејн Гилис, во реклама што прикажува две „локални ѕвезди“ како внесуваат живот во здодевни забави. Рекламата завршува со изненадувачка појава на Пејтон Мениг.
„Принглс“ и легендарните мустаќи на Супер боул
Рекламата на „Принглс“ за Супер боул 2025 ги обединува ѕвездите Адам Броди, Ник Оферман и Џејмс Харден во забавна и мистериозна реклама. Ова е осмото појавување на „Принглс“ на Супер боул, а традицијата на мустаќести хумористични реклами продолжува.
Извор:
Goodmorningamerica.com
Фото: Screenshot/YouTube