X
 25.12.2020 Живот

Победници на натпреварот „Океанска фотографија“ се два пингвини што се гушкаат

Секоја година натпреварот „Океанска фотографија“ ги повикува сите океански фотографи од целиот свет да ги споделат своите најдобри фотографии што ги прикажуваат убавините и величественоста на екосистемите под и над вода.

- Наградите се прослава на нашата прекрасна сина планета, како и платформа за истакнување на проблемите со кои се соочува - пишува тимот на натпреварот.

Неодамна беа објавени победниците на натпреварот и, како и секогаш, не разочаруваат. Сепак, има една фотографија што стопи многу срца оваа година и ја освои наградата за избор на заедницата.

Фотографијата за која станува збор е направена од фотографот Тобија Баумгартнер, а прикажува два пингвини кои се тешат еден со друг. Фотографијата била направена во Мелбурн, Австралија.


- Во тешки времиња како ова, навистина се среќни оние што можат да бидат со личноста што најмногу ја сакаат. Овие два пингвини стоеја во истата позиција со часови, гледајќи ги светлата на хоризонтот и океанот - вели фотографот.

И двата пингвини ги изгубиле нивните партнери и честопати се тешеле еден со друг.

- Еден волонтер ми се приближи и ми кажа дека женката е постара дама која го изгубила партнерот, а истото му се случило и на помладиот мажјак. Оттогаш тие редовно се среќавале, тешејќи се еден со друг и стоејќи заедно со часови додека ги гледале светлата што танцуваат - вели фотографот.


- Поминав цели 3 ноќи со колонијата додека да ја направам фотографијата. Не можев да користам светло, а малите пингвини постојано мрдаа, триејќи ги перките на нивните грбови и чистејќи се еден со друг, па беше тешко да направам каква било слика. Но, ми се посреќи. Овие двајца се истакнаа од цела колонија. Додека другите пингвини спиеја или трчаа, се чини дека тие двајцата стоеја и уживаа во секоја секунда - додава тој.

Натпреварот се содржи од седум категории, вклучувајќи ги „Океанот“, „Конзервација“, „Авантура“, „Истражување“, „Млад фотограф“, „Избор на заедницата“ и „Колективно портфолио“.

Победник во категоријата „Океан“, Надија Али


Победник во категоријата „Конзервација“, Мет Шарп


Победник во категоријата „Авантура“, Џејсон Гулеј


Победник во категоријата „Истражување“, Бен Кранке


Победник во категоријата „Млад фотограф“, Круз Ердман


Победник во категоријата „Колективно портфолио“, Надија Али


Извор: Bored Panda
Фото: Instagram 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот