X
 23.02.2023 Образование

МОН објави повици за доделување парични награди за основци што освоиле награди на натпревари

Министерството за образование и наука објави повици за доделување парични награди на основци кои освоиле награди на натпревари, но и на наставниците и менторите.

Имено, објавен е јавен повик за доделување парична награда за освоена прва, втора или трета награда или златен, сребрен, односно бронзен медал на меѓународен натпревар од областа на математиката, информатиката и природните науки, на ученикот, на наставникот кој му го предава предметот од овие области, како и на менторот кој го подготвувал ученикот за натпреварот.

На повикот може да се пријават основци што освоиле награда, наставници што им предаваат по предметите за кои освоиле награда и ги подготвувале за натпреварите, како и менторите што работеле со децата.

Натпреварот треба да е одржан во учебната 2022/2023 година.

МОН ќе додели поединечно парична награда во износ од 100% од просечната нето-плата исплатена по работник во последниот месец пред доделувањето на наградата за освоена прва награда/златен медал, 80% за освоена втора награда/сребрен медал и 60% за освоена трета награда/бронзен медал.

МОН за меѓународни натпревари кои се спроведуваат по електронски пат на далечина не доделува парична награда, како и за меѓународните натпревари што се однесуваат на проекти.

Исто така, МОН не доделува парична награда за освоени први, втори или трети места на натпреварот за популаризација на математиката „Кенгур“ бидејќи истиот не е меѓународен натпревар.

Повеќе за овој повик, како и за начините на кои можете да аплицирате, можете да прочитате ТУКА.

Истовремено, објавен е и повик за доделување парични награди за освоено прво место на државен натпревар, а кои документи ви се потребни да аплицирате, можете да прочитате ТУКА.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование