X
 01.04.2019 Образование

Објавен конкурсот за упис во средните училишта во 2019/2020

Министерството за образование и наука го објави конкурсот за запишување ученици во средното образование во учебната 2019/2020 година за гимназиско, стручно, уметничко образование и средно образование за ученици со посебни образовни потреби.
Првото пријавување и запишување на учениците ќе биде на 17 и 18 јуни, а ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 19 јуни.
Второто пријавување и запишување на учениците е на 24 и 25 јуни, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 26 јуни. Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 1 јули, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени наредниот ден.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование