X
 23.07.2020 Култура

Снимете го својот ден и бидете во филм на Ридли Скот

По десет години откако режисерот Кевин Мекдоналд и продуцентот Ридли Скот го претставија планот за документарен филм со „Јутјуб“ во кој ќе се прикаже слика од еден ден во општеството, одлучиja да направат продолжение. Ова го откри „Јутјуб“ во објава на својот блог.

За продолжението на успешниот документарен филм „Животот во еден ден“ тимот бара од сите луѓе во светот да испратат видео од нивниот живот на 25 јули. Тим од 30 рецензенти, тројца уредници и Мекдоналд ќе ги одберат најинтересните видеа и ќе ги спојат во еден документарен филм.

Новиот документарен филм „Животот во еден ден 2020“ премиерно ќе биде прикажан на „Јутјуб“ и „Санденс“ наредната година.


За оние што сакаат да испратат видео од нивниот живот, треба да се почитуваат неколку правила: да се има дозвола од сите што се снимени во видеото и да нема музика во кратките видеа. Се препорачува снимање со добра резолуција и надворешен микрофон.

Рокот за испраќање на видеата е до 2 август. Режисерите сакаат сите да ги испратат своите лични кадри од искуства што ги сметаат за најскапоцени во нивниот живот.

За првиот документарен филм 189 луѓе испратиле видеа долги вкупно 4.500 часа. Мекдоналд и неговите колеги склопиле филм од 95 минути.


Автор: Бред Берган
Извор: interestingengineering.com
Насловна фотографија: YouTube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура