X
 23.07.2025 Живот

Градот Амстердам ќе постави скали за спасување мачки од каналите

Властите во Амстердам планираат да изградат специјални скали на високите и лизгави кејови покрај градските канали за да им овозможат на мачките сами да се спасат ако паднат во вода.

Мерката доби зелено светло од Градскиот совет.

Предлогот за изградба на таканаречените „Kattentrapjes“ (скали за мачки) го поднесе градската советничка Јудит Кром од Партијата за животни. Таа посочи дека водите во Амстердам станале смртоносна замка за мачки, при што само во последните шест месеци се удавиле 19 животни.

Мачките можат да пливаат и да се одржуваат на површината подолго време, но на крај мораат да излезат на суво за да не се удават.

Службата за спасување животни во Амстердам сега ќе помогне да се идентификуваат каналите што претставуваат посебен ризик за мачките, пред да започнат градежните работи.

Амстердам не е единствениот град што презема вакви мерки. Градот Амерсфорт веќе започнал со поставување на околу 300 „скали за мачки“ по должината на рабовите на каналите. Овие скали служат за спасување мачки и други мали животни од давење. Направени се од едноставни дрвени или метални платформи со решетка за подобро држење, со што им овозможуваат на животните самостојно да излезат од водата.

Извор: Yahoo.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот