X
 23.08.2019 Здравје

Експертите препорачуваат вежбање во природа за намалување на стресот

Вежбањето на отворено, во природа, го намалува нивото на стрес многу повеќе отколку вежбањето во фитнес-сала. Возењето велосипед и трчањето во делови од градот каде што нема згради и бетон се многу поздрави и го намалуваат нивото на стрес. Психолозите истакнуваат дека тоа е поради смирувачкото дејство на природата врз нашата психа. Изложеноста на зелената боја има благотворно дејство врз нас.

Експертите од Универзитетот „Рхоемптон“ и тим од Германија го објавија своето најново истражување во списанието „Ментално здравје и превенција“. Тимот предводен од докторката Сандра Клаперски набљудувал 140 поединци, кои ги известувале истражувачите за нивното расположение, нивото на стрес и чувството на анксиозност пред вежбањето.

Тие морале редовно да вежбаат во затворен простор, без оглед дали тоа е аеробик, кошарка, пливање или одбојка, но и спорт на отворено како трчање, фудбал и возење велосипед. Тие давале извештаи за тоа како се чувствуваат физички, но и психички.

Целокупно, кај овие луѓе вежбањето го подобрува расположението. Вежбањето во природа влијаело смирувачки врз психата, па затоа се советува вежбање во природа и во зеленило.

Единствена вежба што го намалила стресот за 11 отсто бил часот по аеробик. Возењето велосипед надвор го намалило стресот за 18 отсто, трчањето за 14 отсто, додека анксиозноста била намалена за 16 отсто.

Се препорачува во фитнес-салите да се намали вревата за просторот смирувачки да влијае врз човекот. Ова истражување само ги потврди претходните што укажуваа дека луѓето што живеат опкружени со зеленило се посмирени и под помал стрес. Ниското ниво на стрес било забележано и кај луѓето што живеат во стан или куќа со убав поглед.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје