X
 23.08.2022 Образование

МОН: Студентите можат да учествуваат во екстерната евалуација на високообразовните институции и студиски програми во Македонија

Министерството за образование и наука и Агенцијата за квалитет на високото образование ги вклучуваат студентите во процесот на евалуација на високообразовните институции и студиски програми во Македонија. За таа цел, објавен е конкурс за пријавување на заинтересирани студенти за учество во оваа постапка.

Секој апликант треба да исполнува неколку услови, односно да е државјанин на Македонија, да има статус на редовен студент на прв, втор или трет циклус на студии во земјата, да има претходно искуство во евалуација на високообразовни институции во земјата или странство и да има познавање на англискиот јазик.

Пријавувањето се врши со пополнување образец кој може да се најде на веб-страницата на Агенцијата за квалитет на високото образование, на следниот линк: и потоа истиот, потпишан и скениран се доставува на следните електронски адреси cvete.stefanovska@tfb.uklo.edu.mk и vlado.gicev@ugd.edu.mk.

Крајниот рок за пријавување е 18.9.2022 година.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование