X
 27.09.2016 Живот

За студенти: Финти за штедење

1. Никогаш не оди да пазаруваш кога си гладен. 2. Купи книги на старо, а тие од минатиот семестар продај ги. 3. Намали со цигарите и алкохолот за да заштедиш некој денар.

Касички за штедење

4. Поретко јади по ресторани.

5. Секогаш плаќај ги сметките на време.

6. Ако имаш кредитна картичка, исплати ја колку можеш побрзо.

7. Пешачи, користи јавен превоз или велосипед наместо да се возиш со автомобил.

8. Живеј со цимер за да ги делите трошоците.

9. Користи основни (најевтини) ТВ и телефонски пакети.

10. Користи сала за вежбање во студентскиот дом (ако има) наместо теретана.

11. Вечерај со пријатели, така ќе ги поделите трошоците за намирници.

12. Продај ги работите што веќе не ги користиш и не ти требаат.

13. Користи студентски попусти.

14. Избегнувај скапи одмори за распустот.

15. Земи милениче откако ќе завршиш факултет, зашто чување домашно милениче знае да биде многу скапо.

16. Оди на предавања. Плаќаш за нив, а твоето отсуство значи фрлање пари за ништо.

17. Прави си кафе наместо да одиш по кафичи.

18. Не се позајмувај за нешто што не е поврзано со твоето образование.

19. Избегнувај импулсивен шопинг.
Подготвил: А.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот