X
 23.09.2020 Живот

Cineplexx повторно ги отвора киносалите!

Почитувани посетители!

Cineplexx повторно ги отвора киносалите!

Со последната одлука на Владата, Cineplexx почнува со работа на 24.9.2020 година.

Предложените протоколи за организирање настани од страна на Комисијата за заразни болести, а прифатени од страна на Владата, Cineplexx ги имплементира во работењето со цел заштита на здравјето на посетителите и на вработените.

За таа цел, вработените во Cineplexx целосно ќе ги почитуваат и спроведуваат мерките за да ја зголемат безбедноста и да придонесат да се заштити здравјето на посетителите.

Cineplexx дополнително го зголеми и нивото на дезинфекција на просториите и салите, поставени се диспензери за хигиена на рацете, заштитни бариери, како и задолжителна заштитна опрема за сите вработени.
Протоколот за работа на киното Cineplexx ќе биде јавно објавен на официјалната веб-страница www.cineplexx.mk. Cineplexx апелира до сите посетители да ги почитуваат мерките со цел заштита на јавното здравје!

Ве очекуваме во кино!



(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот