X
 23.12.2019 Култура

Сликовницата „Зимска вселенска бајка“ и сказната „Голема новогодишна вселенска авантура“ за повеќе магија за празниците

Предновогодишната магија во вашите домови од вчера ја збогативме со новата сказна „Голема новогодишна вселенска авантура“. Зази е тажен, а има и причина за тоа. Но, Биби и Боби се неговите најдобри другарчиња кои нема да дозволат Зази да остане разочаран на највозбудливиот ден во годината. Откријте како ќе му помогнат заедно со Дедо Мраз од Заз, дарежливиот дедо кој секогаш е подготвен за авантура.



Сказната ја напиша Билјана Црвенковска, арт-директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, режисер е Гоце Цветановски, а гласовите ги позајмија Слаѓана Вујошевиќ и Сашко Коцев.

Новата година, светкавите елки, убавите подароци се нешта на кои се рaдуваат сите дечиња, а „Светот на Биби“ и годинава сака да им подари многу љубов. Деновиве од печат излезе и сликовницата „Зимска вселенска бајка“, во која заедно можете да уживате со вашите деца. Вашата колекција можете да ја збогатите со уште едно возбудливо издание, во кое децата ќе имаат можност и да си играат, да цртаат, да решаваат загатки.



Сликовницата може да се најде во онлајн-продавницата svetotnabibi.mk, во катчето на Биби (I кат, до терасата на ресторан „Џино“ – Скопје).

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура