X
 24.05.2021 Живот

Последниот матријархат во Европа

Жените на естонските острови Кину и Манија велат дека се последниот матријархат во Европа. Причината за тоа е фактот дека жените работат сè - ги воспитуваат децата, шијат алишта и се грижат за животните.

Во меѓувреме, мажите работат во странство или на море. Затоа, жените се одговорни за сè на островите, покажува репортажа на Би-би-си.

Овие жени сами се подготвуваат за сопствениот погреб кога ќе надминат 60-годишна возраст, шиејќи ја облеката и планирајќи сè. Оваа уникатна култура наскоро ќе исчезне бидејќи младите генерации се отселуваат од островите во потрага по подобра иднина.


Извор: bbc.com
Фото: Принтскрин/BBC
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот