Благодарение на неодамна завршената папска конклава, Систинската капела повторно е во центарот на вниманието, а архитектот Мануел Браво ја искористи можноста за да ѝ посвети видео на неговиот јутјуб-канал. Неговата виртуелна 3Д-тура претставува одлична можност за поблиско запознавање со уметничкото богатство на капелата и следење на нејзината еволуција низ времето.
Во нешто повеќе од 45 минути Браво нуди вистинска мајсторска лекција за Систинската капела, дополнета со скици и историски фотографии кои го збогатуваат неговиот расказ. Се разбира, најголем дел од видеото е посветено на Микеланџело и неговите два неверојатни дела во капелата, фреските на таванот и монументалната „Страшниот суд“ на задниот ѕид. Браво ја објаснува нивната историја и значење, но и прикажува како изгледал просторот пред Микеланџело засекогаш да го преобрази.
Иако делата на Микеланџело се централни во капелата, Браво не ги запоставува ни другите значајни уметнички остварувања што се наоѓаат таму. Неговиот осврт на сликите на долните ѕидови кои се дело на ренесансните мајстори Перуџино и Ботичели открива како овие рани дела го поставиле темелот за уметничкото наследство кое Микеланџело подоцна ќе го зацврсти.
Без разлика дали веќе сте го посетиле Ватикан, го планирате следното патување или едноставно обожавате уметност, ова видео вреди да се погледне.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото: Screenshot/YouTube