X
 24.07.2025 Забава

Од режисерот на филмот „Чоколадо“ доаѓа нова романтична драма

Ласе Халстром, шведскиот режисер на култната романса „Чоколадо“, ова лето го претставува долгоочекуваниот нов филм „Мапата што води кон тебе“. Со оглед на тоа што екранизираните адаптации на популарни литературни дела доминираат на големото и малото платно, и оваа новина е базирана на меѓународниот бестселер од авторот Џ. П. Монингер.

Групата ја предводи Маделин Клајн, која неодамна играше улога во новата верзија на хорор-филмот „Знам што направи минатото лето“, додека нејзиниот филмски партнер го игра К. Ј. Апа. Најавата за овој филм се прошири на социјалните мрежи, а зошто многумина се луди по овој романтичен наслов, дознаваме подолу.

„Мапата што води кон тебе“

Ако сте љубители на содржини што прават да се чувствувате добро, овој филм идеално ќе го комплетира вашето лето. Се фокусира на приказната за првата љубов, созревањето и авантурата што го менува животот. Романот со исто име стана меѓународен бестселер веднаш по објавувањето, додека многу читатели го споредуваат со литературното дело на Николас Спаркс, автор на мегахитовите „Бележникот“ и „Прошетка за паметење“.

По успешна година на колеџ, Хедер Малгру одлучува да се впушти во патување низ Европа со своите најдобри пријатели. Најубавите градови, како што се Амстердам, Берлин, Прага и Париз, се нацртани на нејзината мапа - и тоа ќе биде одличен вовед во следното поглавје од нејзиниот живот. Сепак, судбината секогаш наоѓа начин да нè изненади.

И така, главниот лик ја менува својата одлука откако ќе сретне шармантен млад човек. Џек носи со себе истрошен дневник, кој неговиот дедо го напишал по Втората светска војна. Тој станува негова водечка нишка. Секоја страница ги води во нов град и открива тајна, додека во исто време Хедер и Џек почнуваат да се поврзуваат со силни емоции. Но, дали главниот лик ќе жртвува сигурна иднина за љубовта?


Каде можете да го гледате?

Новиот романтичен филм доаѓа ова лето на „Прајм видео“. Затоа, означете го 20 август во вашиот филмски потсетник.

Извор: journal.hr

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава