Марија Стоилковска е лице со целосно оштетен вид, а дипломира на политички науки при ФОН: „Морав да правам аудиоснимки на сите лекции за да ги научам“
Марија Стоилковска, и покрај тоа што живее со целосно оштетен вид, испиша историја во македонскиот образовен систем откако дипломира на Факултетот за правни и политички науки на АУЕ-ФОН, на насока политички науки, а дипломскиот труд го одбрани учејќи од аудиоверзија.
Освен за децата кои се на лекување, МОН не размислува за онлајн настава за оние од рурални средини
Децата кои се на подолго лекување на Клиниката за детски болести во Скопје, наскоро ќе почнат да следат основно образование во болнички услови.
Министерството за образование и наука со поддршка на министерството за здравство и граѓанската организација САНО, која им помага на децата кои боледуваат од канцерогени болести, воведува формално основно образование.
Македонски доктори со помош на вештачка интелигенција создаваат модел за предвидување компликации по трансплантација на матични клетки
Првпат во македонскиот здравствен систем се креира предиктивен модел кој со употреба на алатките на вештачката интелигенција ќе може да ги предвиди компликациите по трансплантација на матични клетки кај пациентите. Моделот во иднина ќе може да се примени во клиничката практика и значително ќе го намали морталитетот поврзан со трансплантацијата.
Подетално, станува збор за иновација која ќе може да го предвиди ризикот за појава на акутната форма на болеста калем против домаќин по алогена трансплантација на хематопоетски матични клетки, преку користење на методите на машинското учење.