X
 14.08.2022 Наша тема

За Јулија Митревска, првенец со просек 10, немањето автобуси до некои места во Македонија, студентски мемоари... Што пишувавме неделава

Јулија Митревска - првенец на Филозофски факултет со просек 10: Пред испит „се губев“ меѓу страниците на книгите

Родената охриѓанка за нејзината академска одличност неодамна беше декорирана со златник од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како еден од првенците на генерацијата на студенти што дипломирале во учебната 2020/2021 година.

СТУДЕНТСКИ МЕМОАРИ: Проф. д-р Александар Стерјовски (89) студирал во 50-тите - Ми предаваа Конески и Поленаковиќ

Проф. д-р Александар Стерјовски има 89 години и брилијантен ум. Тој е најисцрпниот хроничар на Битола. Со часови може на литературен македонски јазик да зборува за историјата на градот, милина да му е на човек да го слуша. Книжевност студирал во 1953 година, осум години по кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.

Како инфлацијата ќе влијае врз побарувачката на кредити? НРБМ очекува повисоки променливи каматни стапки, а можно е мало зголемување и на фиксната стапка

Последните пресметки на НБРМ за месец јуни, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, говорат дека потрошувачките и станбените кредити бележат месечен раст од 1,1%, соодветно, а на годишна основа се повисоки за 6,8% и 14,9%, соодветно.

До некои места во Македонија нема директен автобус, а за некои не се продава повратен билет. Какви се условите за патување во земјава?

До некои населени места во земјава нема автобуска линија од Скопје, па ако сакате да патувате натаму со автобус, ќе морате да барате некоја алтернатива и да се возите со превозник кој попатно поминува низ тоа место - ако има таков.

Студира хемија во Америка, но во Македонија научи да прави крвни анализи - Метју Костоф, студент од дијаспората вклучен во практична летна настава во земјава

Во Америка се чувствувам како Македонец. Обожавам да летувам во родната земја на моите предци. Но, не сакав повторно да дојдам тука само за да се излежувам на плажа, туку за да научам нешто ново, вели Метју Костоф од Детроит, САД, кој има потекло од селата Љубојно и Драгош од Македонија.

СТУДЕНТСКИ МЕМОАРИ: „Прво станав директор, а потоа се запишав на факултет“, вели економистот Томе Аризанов (95) од Дојран

Итната потреба од кадри за изградба на македонското општество по Втората светска војна најдобро ја отсликува Томе Аризанов, 95-годишен економист од Дојран, кој прво добил директорска функција, а потоа го завршил потребното високо образование за таа функција.

Гази Баба вложува во иновативни проекти за производство на медовина и ефикасно искористување на водата за наводнување

Факултетот за земјоделски науки и храна во континуитет ги поддржува студентите во нивната иновативна и научноистражувачка работа во текот на студиите. Според Земјоделскиот институт во Скопје, вложувањето во развивање и изразување на креативноста кај студентите, како процес што ѝ претходи на инвентивноста, е од исклучителна важност, како за личниот развој на младите индивидуи така и за целокупниот долгорочен развој на општеството

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема