X
 24.09.2025 Технологија

Вештачката интелигенција ќе избрише работни места: 10 професии што ќе исчезнат до 2035 година

Сè појасно е дека вештачката интелигенција го менува начинот на кој живееме и работиме, преземајќи задачи што порано ги извршуваа луѓе. Тоа ги вклучува и професиите каде што автоматизацијата и паметните алгоритми заменуваат рутински или повторливи работи, отворајќи дебати за иднината на трудот и потребните вештини.

Експертите од компанијата „Линке“, која развива софтвер за автоматизација на згради, идентификувале 10 работни места кои најверојатно ќе станат излишни во следните десет години.

Професии под најголем ризик


Менаџер за маркетинг на производи - Со ризик од замена од 39 отсто, оваа позиција е прва на листата. Иако е мултидисциплинарна улога, комбинацијата на податоци, бизнис-цели и аналитика ја прави подложна на автоматизација.

Графички дизајнер - Ризикот од замена со вештачка интелигенција достигнува 59 отсто. Во свет каде што продукцијата станува стандардизирана, предност имаат оние што комбинираат повеќе улоги.

Маркетинг-аналитичар - Ризикот е 48 отсто. Се советува експертизата да се пренесе во други индустрии.

Експерт за оптимизација на пребарувачи - Алгоритмите веќе можат да преземат голем дел од оптимизацијата.

BTL маркетинг-експерт
- Растот на улогата е само 4,9 отсто. За опстанок, потребно е комбинирање на основни со дополнителни дисциплини и вештини поврзани со вештачка интелигенција.

Уредник на видеосодржини - Ризикот од замена е 65 отсто бидејќи промотивните материјали и најави веќе може да се создадат вештачки.

Менаџер за радиопромоции - Истражувањето покажува негативна стапка на раст.

Агент за продажба на реклами -
Со пад од –6,6 отсто во индустријата, оваа професија се смета за сè помалку релевантна.

Специјалист за корисничко искуство - Иако станува збор за значајна улога, штедењето ги турка фирмите кон автоматизација.

Автор на содржини што се пренесуваат преку дигитални медиуми - Со најголем ризик од 85 отсто, оваа професија е најзагрозена. Со падот на цената на зборот и стандардните операции, работата станува лесно заменлива.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија