X
 24.09.2026 Живот

Бабата има деменција и ѝ вели на ќерка ми дека ја малтретираме, дека ѝ крадеме работи... Детето е многу збунето, како да му помогнеме?

Ќерка ми е прваче и живееме во заедница со баба ѝ, која веќе 2 години (можеби и повеќе) има знаци на деменција: станување ноќе бидејќи слуша музика, кавги, ѕвонче – иако сѐ е тивко и сите спиеме; мисли дека ѝ крадеме/криеме работи, заборава често и сл., но одбива да оди на лекар. До пред три години таа ја чуваше ќерка ми и затоа е многу приврзана за неа, па така и сега кога ќе ја викне за шетање, сака да оди, или последниве денови ја убеди да седат дома.
Загрижена сум за детето поради тоа што бабата упорно му вели дека ние сме будали, дека ја малтретираме по цели ноќи, дека се караме. Кога ќерка ми ѝ кажува дека не е така, бабата ѝ вели: „Ајде не лажи, мајка ти те научила да лажеш“, и сл.
Знам дека најдобро решение за овој проблем е да ги одделам физички, но тоа е невозможно, на ист кат сме во 3 соби од кои едната е на бабата. Би сакала совет како да се справам со ситуацијава.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк

Издвојуваме

Живот