X
 24.11.2020 Образование

И информатика и географија на листата со изборни предмети за државна матура

Сите матуранти задолжително треба да полагаат мајчин јазик. Вториот предмет е избор помеѓу странски јазик (5 јуни) и математика (14 јуни). На 11 јуни ќе се полага третиот екстерен испит за кој матурантите може да избираат од 10 предмети

Од 29 мај до 14 јуни ќе се полагаат екстерните предмети кои се дел од државната матура, која пак е услов за упис на факултет. Листата со изборни предмети за третиот екстерен испит е проширена со уште два - информатика и географија.

До крајот на оваа година матурантите ќе треба да пријават каква матура ќе полагаат - дали државна, училишна или завршен испит. Оние што ќе се одлучат за државната матура треба да ги наведат и предметите што ќе ги полагаат.

Сите матуранти задолжително треба да полагаат мајчин јазик. Вториот предмет е избор помеѓу странски јазик (5 јуни) и математика (14 јуни). На 11 јуни ќе се полага третиот екстерен испит за кој матурантите може да избираат од 10 предмети (естетика, филозофија, хемија, физика, биологија, историја, социологија, бизнис и првпат - информатика и географија).

Државниот испитен центар веќе формирал комисии кои ќе ги прават прашањата за испитите од новите два изборни предмета. За да биде во листата со матурски испити, потребно е одреден предмет да се слуша најмалку две години со одреден фонд часови. Информатиката е воведена и затоа што е барана од учениците, бидејќи многу од нив во изминатите години се заинтересирани за факултетите од областа на информатичките технологии.

Што се може да направат матурантите за проектна задача според новата можност

Учениците ќе полагаат и интерен испит за предмет по избор, како и проектна задача за која темата треба да ја пријават до 30 ноември, а треба да биде изготвена и предадена до училишната комисија до крајот на март. Според Правилникот за начинот на полагање и оценување на резултатите на учениците, темата за проектната треба да биде конечна и внесена во пријавата/апликацијата, која кандидатот треба да ја поднесе до 31 декември 2020 во училиштето, заедно со наведените екстерни испити што ќе ги полага во јунската испитна сесија.

Проектната задача нема повеќе да се пишува како есеј, туку ќе треба да содржи истражувачки дел, како што во стручното образование проектната задача е производ/продукт.
Подготвил: А.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование