X
 25.01.2017 Култура

Тајната на читањето: Совети како да прочитате над 200 книги годишно

Постојат три главни компоненти во постигнувањето на оваа поставена цел:

Волја - навистина да сакате да читате колку што е можно повеќе книги.
Пристап - отстранување на сите пречки кои го отежнуваат овој процес.
Техники- некомплицирани методи преку искуство.

Волја


Читањето мора да биде приоритет. Ова не е нешто комплицирано, иако често се заборава. За да прочитате книга, мора да седните и да ја прочитате книгата. Цела! Не постои начин да го заобиколите ова. Читањето на кратки резимеа или гледањето на анимирано видео од 5 минути кое ја објаснува книгата, не е исто. Ако сакате таква брза информација, тогаш изберете да прочитате блог или вести и статии. Целта на една книга е тоа што (обично) е долга. Авторот работел напорно за да создаде приказна во која читателот го води кон одредени заклучоци. Брзото читање е нешто кое функционира само за мал број на луѓе со необични способности. Едноставно не е возможно да ја прочитате книгата за неколку секунди.

Пристап


Вториот дел е пристап. Повторно, ова е нешто очигледно. Тајната на градењето добра навика е да ја направите колку што е можно полесна. Во овој случај, тоа значи постојано да носите книга. И повеќе од една. Доколку сакате тоа може да биде и е-книга. Книгите не дискриминираат. Не постои разлика меѓу е-книга, книга од библиотека, позајмена книга од пријател или копија.

Она што е важно е да ја имате постојано. Со ова си го олеснувате читањето во текот на тие слободни моменти кога луѓето обично го земаат телефонот.

citanje
Фото: Freepik

Техники

Третиот дел се техниките кои ги користите за да прочитате побрзо додека уживате, со добро сфаќање и јасен фокус. Овие техники ќе ви помогнат да читате побрзо и побрзо да помните, иако не се надевајте дека ќе создадат повеќе време од денот.

Ова се некои техники кои би можеле да ви помогнат:

1. Обидете се да го усовршите вашиот фокус - Никој не може да очекува од читање твитови со 150 карактери и видеа од 9 секунди да започне да чита големи книги. Еден од начините за да го направите тоа е да започнете да вежбате на „Дуолинго“. Фокусирањето определен период од времето секој ден има огромно влијание врз вашата способност да обрнете внимание. Постојат многу други начини да го направите тоа. Медитација, пишување есеи и меморирање на вокабулар. Не можеме да контролираме колку време имаме, но можеме да го контролираме нашиот фокус.

2. Култивирајте сет на соодветни ментални модели
- Менталните модели се алатки за брзо спознание, разбирање и донесување одлуки. Потребно е малку време за да сфатите, меѓутоа кога ќе сфатите, останува засекогаш.

3. Добро би било да развиете широко разбирање за клучните теоретски перспективи
- Основните социолошки теории кои секој треба да ги знае се: феминизам, колонијализам, структурализам, марксизам и различни бранови од нив. Исто така, од голема помош е да сфатите и разберете идеи како идеологијата, симболиката, наративот и комуникацијата. Ако вашето разбирање е доволно длабоко и доволно широко, тогаш ова ќе биде возможно во скоро сите ситуации.

4. Не го оптоварувај мозокот со непотребни информации - Кон вашата способност за фокусирање однесувајте се како кон нешто кое има витално значење и е свето - бидејќи и така е. Ова значи дека не треба да гледате телевизија, да поминувате минимално време на социјалните медиуми, што значи повеќе време за читање.

5. После читањето, дајте си време за обработка на информациите - Ваша одлука е како ќе го направите тоа. Дали преку кардио вежби, дали преку прошетка или преку медитација.

6. Научете како да го отстраните гласот додека читате - Повеќето луѓе ги читаат зборовите во себеси, односно во нивната глава. Ова го учиме уште додека сме деца, со цел приказната убаво да тече. Меѓутоа, ова е лоша навика која има тенденција да продолжи и како возрасни. Токму ова ве успорува. Со соодветна пракса треба да го замолчите гласот, и на тој начин ќе научите побрзо да читате.

7. Подгответе се себеси за некои општи контекстуални знаења пред да започнете да читате -
Може да прочитате некој вовед на Википедија. Доколку сакате подлабоко да навлезете во книгата, прочитајте академски трудови и рецензии. Исто така, од голема помош се интервјуата со авторите.

8. Уживајте во книгата - Читањето не е задача туку највозбудливата и најпријатната активност во вашиот живот. Посветете се колку што можете повеќе.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура