X
 25.04.2022 Образование

СОНК и Владата се договорија!

СОНК и Владата на денешниот состанок се договорија за зголемување на платите за 12% на сегашните плати со додатоци кои следуваат врз основа на Законот за колективен договор, почнувајќи од месец јули.

- После повеќе од 3 часа би рекол тешки и макотрпни преговори со министерот за образование и наука, со министерот за труд и социјална политика, секако и премиерот од страната на Владата, а и ние за волја на вистината бевме појачани со нашиот претставник од Европската конфедерација на слободни синдикати извршивме сериозни анализи на нашите барања кои беа доставени до ресорните министерства од една страна и од друга страна аргументите на Владата и на министерставата во однос на нашите побарувања сепак се усогласивме со ставовите каде што во рамките на можностите на државата и во рамките на тоа што во овој момент може да се издвои за зголемување на платите во дејностите на детска заштита во основно и средно образование дојдовме до заеднички процент на зголемување на платите коешто би почнало од месец јули, најдоцна месец јули со завршувањето на ребалансот и процесирање на средствата во трезорот, изјави претседателот на СОНК Неделков .

Претседателот на СОНК изјави дека најверојатно од среда учениците ќе се вратат во училиштата и дека во текот на утрешниот ден ќе се разговара за продолжувањето на школската година.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование