X
 25.05.2020 Технологија

„Гугл“ конечно ќе има ноќен режим за мобилните апликации

Мобилните оперативни системи „Андроид“ и „Иос“ последните години поддржуваат ноќен режим на апликациите. Овој режим ги претвора сите бели и светли делови од апликациите во црни или темни. Овој режим е популарен кај корисниците бидејќи со него се зачувува батеријата.

Сепак, една апликација која не нудеше ноќен режим беше „Гугл“, иако истата компанија која стои зад пребарувачот го прави „Андроид“. Од оваа недела, апликацијата „Гугл“ на двата оперативни системи конечно ќе има ноќен режим. Како може да го овозможите овој режим?



Фото: Twitter

Пред сè, треба да ја имате последната верзија од апликацијата на вашиот телефон. Потоа, за телефони со „Андроид 10“ или понова верзија, апликацијата автоматски ќе го вклучи режимот. За корисниците на „Андроид“ кои имаат постара верзија на оперативниот систем, треба да ја отворите апликацијата „Гугл“ и да одите во Подесувања (Settings). Тука може да одберете дали сакате да користите ноќен или дневен режим.

На ајфоните со „Иос 13“ или понова верзија апликацијата автоматски ќе го вклучи режимот. За корисниците на „Иос“ со постара верзија, во Подесувања (Settings) може да го одберете ноќниот режим.

„Гугл“ го пушта ноќниот режим оваа недела, но во одредени делови од светот тој ќе биде достапен дури следната недела.


Извор: fastcompany.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија