Американските клиенти сега можат да нарачаат „ајфон“ и да го добијат за помалку од еден час благодарение на доставата со дрон на „Амазон“. Компанијата објави дека добила дозвола од Федералната администрација за воздухопловство на САД (ФАА) да користи дронови за испорака на поширок спектар на производи, вклучувајќи уреди со литиумски батерии, како што се „ајфон“ и „ерподс“.
„Амазон“ ја лансира својата услуга „Прајм ер“ во 2022 година, ветувајќи дека ќе достави нарачани производи за помалку од еден час директно до дворот или друга одредена локација. Моментално оваа услуга е достапна само во ограничени области на Феникс, Аризона и Тексас, и тоа само во текот на денот и под поволни временски услови.
За достава се користи нова генерација на дронови „MK30“, кои можат да носат само еден предмет со максимална тежина до 2,27 килограми. Клиентите можат да изберат опција за достава со дрон при нарачката и да изберат локација, како што е патека за возење, преден или заден двор.
„Амазон“ планира да ја прошири технологијата на други пазари, вклучувајќи ги Велика Британија и Италија, под услов да добие регулаторно одобрение во тие земји. Оваа иницијатива е важен чекор кон побрза и поефикасна испорака, користејќи автоматизирани решенија што го менуваат начинот на кој ги добиваме нашите уреди.
Извор:
benchmark.rs
Фото: Freepik