X
 25.06.2019 Живот

Сѐ што ви треба за патување може да го собере во еден ранец

Кога летате со нискобуџетни компании, ќе научите да спакувате сè во ранец и да почнете со сожалување да ги гледате луѓето што влечат огромни куфери по аеродромите грижејќи се да не заборават нешто.

Всушност, сè што ви е потребно за кое било патување, дури и ако одите на еден месец на другиот крај од светот, може да го собере во еден ранец, а ако се придржувате до списокот, нема шанси да заборавите нешто.

Секогаш прво спакувајте ги пасошот, парите, картата. Реално, патувањето пропаѓа само ако заборавите едно од овие нешта.

Потоа добро распрашајте се за тоа што нуди објектот во кој ќе бидете сместени бидејќи ако има пералница и ако бањата е опремена со фен за коса и пешкири, хигиенски производи и други неопходни работи, тоа ќе ви заштеди многу простор.

Искусните патници советуваат пред да почнете да се пакувате, да направите список со сè што мислите дека ќе ви биде потребно на патувањето.

Почнете со нештата што ви се потребни во секојдневието, а знаете дека нема да можете да ги купите таму каде што ќе престојувате. За почеток, телефонот и полначот. Ако секој ден пиете некој лек (а не е лошо да имате и една торбичка со лекови за мачнина, пробиотици, фластери), ставете го на врвот на листата.

Во однос на облеката, која обично зазема најмногу место во торбата, сведете ја на минимум. Има многу начини за тоа.

Некои советуваат да ставите на куп сè што планирате да носите и потоа да се потрудите да го преполовите купот така што ќе ги исфрлите дупликатите, нештата кои тешко се комбинираат и парталчињата што ги носите „за секој случај“... Другите се држат до правилото „4-3-2-1“: 4 маици, 3 комплети долна облека и пара чорапи, 2 шорца (од кои едниот треба да е за капење) и едни панталони. Она што секогаш важи е дека не треба да правите по една комбинација, туку да се потрудите парчињата да бидат мултифункционални.

- Носи си детергент, нешта кои брзо се сушат и перат додека патуваш. По тој принцип патувам една деценија со само неколку работи - вели Мајк Ричард.

Исто така, многу експерти за пакување препорачуваат да ја мотате облеката, а не да ја диплите, додека во туторијалите за ефикасно пакување ќе наидете и на трикови како што е, на пример, пакување на чорапите во чевлите или врзување на облеката со ластичиња... Планирајте најголемите парчиња облека (јакна, дуксер, фармерки) да ги носите на себе - и тоа ќе ви заштеди простор. Од обувките обично е доволно да имате едни удобни патики и едни папучи.

Не претерувајте ни со козметиката. Концентрирајте се само на основните работи, а и ако заборавите нешто, тешко дека одите некаде каде што нема четка за заби или сапун. Размислете за купување помали пакувања поради ограничувањата кога станува збор за транспорт на течности во рачен багаж. Земете што е можно потенок пешкир.

Во џебовите ставете си ги марамчињата, некоја кеса, шишенце вода...

Кога ќе го спакувате сето ова, ќе сфатите дека 55х40х20 сантиметри и не е толку малку, а веројатно и ќе ви остане простор.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот