X
 25.06.2022 Живот

Филмски цитати што ќе ве мотивираат: „Големите работи имаат мала почетна точка“

Секој од нас има соништа и планови што сакаме да ги реализираме. Можеби овие филмски цитати ќе ви помогнат да ги остварите вашите соништа.

До остварувањето на соништата понекогаш се доаѓа полесно, понекогаш потешко, а она што неминовно води до целта се истрајноста и вербата. Можеби некои од вас тргнале на своето патување мотивирани од реплики од познати филмови, а можеби некои штотуку почнуваат. Нека филмовите ви бидат инспирација и мотив за патувањето кон остварување на соништата.

„Големите луѓе не се раѓаат такви, тие растат такви“ - „Кум“

Никој не се раѓа паметен. Знаењето се стекнува за време на животното патување. Ако сте едни од оние луѓе кои мислат дека знаат сè, тоа е првата пречка што треба да ја надминете. Ништо не ве учи повеќе во животот од искуството.

„Никој нема да ве удри посилно од тешкотиите на животот“ - „Роки“

Кога добивате удари, не е важно колку силно вие задавате удари, туку колку можете да издржите и да продолжите напред. Ќе се најдете во ситуација во која нема да има никој да ви помогне, но мора да одите напред.

„Магијата прави да ризикуваш нешто поради еден сон кој никој не го гледа, освен ти“ - „Девојка од милион долари“

Она што имате намера да го направите, на другите може да им изгледа смешно, глупаво, бесмислено или нејасно. Не дозволувајте тоа да ве поколеба, бидејќи го остварувате вашиот сон.

„Големите работи имаат мала почетна точка“ - „Лоренс од Арабија“


Не очекувајте да го претрчате патот од визијата до нејзината реализација. Целта се постигнува со постепено преминување на патот. Почнете од малку, а потоа постепено зголемувајте. Кога ќе погледнете назад, ќе го видите патот по кој сте тргнале, кој ви помогнал да стекнете нови знаења и вештини што ќе ви помогнат во следниот дел. Секој нов премин ќе донесе нови искуства и ќе ве приближи до целта.

Извор: ddl.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот