X
 29.07.2020 Култура

„Нетфликс“ со 160 номинации, а „Чувари“ на Ејч-би-о со 26 номинации за „Еми“ наградите

Објавени се номинациите за 72. издание на „Еми“ наградите за време на виртуелна церемонија во Лос Анџелес од страна на комичарот Лесли Џонс

Во борбата меѓу „Нетфликс“ и Ејч-би-о се случи уште еден драматичен пресврт. Како што Телевизиската академија ги објави номинациите, „Нетфликс“ се најде на врвот со неверојатни 160 номинации, а веднаш зад овој стриминг-сервис се најде Ејч-би-о со 107 номинации. Номинациите на „Нетфликс“ се нешто што досега се нема случено - ги надминува и оние на трите најголеми мрежи за емитување (Еј-би-си, Си-би-ес и Ен-би-си) во Америка.

Но, и Ејч-би-о има причина за славење бидејќи серијата „Чувари“ успеа да добие неверојатни 26 номинации. Тука некаде е и серијата „Прекрасната госпоѓа Мејзл“ со номинации во 20 категории, додека „Озарк“ и „Наследници“ имаат по 18.

Во продолжение погледнете ги номинациите во најважните категории. Победниците ќе бидат објавени на 20 септември.

Серии со најмногу номинации


„Чувари“ - 26
„Прекрасната госпоѓа Мејзл“ - 20
„Наследници“ - 18
„Озарк“ - 18
„Шитс Крик“ - 15
„Мандалоријан“ - 15

Најдобра серија-комедија


„Без воодушевување, молам“
„Мртов за мене“
„Доброто место“
„Несигурна“
„Комински методот“
„Шитс Крик“
„Што правиме во сенките“

Најдобра драмска серија


„Подобро јавете му се на Сал“
„Круната“
„Приказната на робинката“
„Убивањето на Ева“
„Мандалоријан“
„Озарк“
„Почудни нешта“
„Наследство“

Најдобра кратка серија

„Мали пожари насекаде“
„Госпоѓа Америка“
„Неверојатно“
„Неортодоксна“
„Чувари“

Најдобар актер во главна улога во серија-комедија

Ентони Андерсон, „Црнести“
Дон Чедл, „Црн понеделник“
Тед Дансон, „Доброто место“
Мајкл Даглас, „Комински методот“
Јуџин Леви, „Шитс Крик“
Рами Јусуф, „Рами“

Најдобра актерка во главна улога во серија-комедија

Кристина Апелгејт, „Мртов за мене“
Рејчл Броснахан, „Прекрасната госпоѓа Мејзл“
Линда Карделини, „Мртов за мене“
Кетрин О'Хара, „Шитс Крик“
Иса Рае, „Несигурна“
Трејси Елис Рос, „Црнести“

Најдобар актер во главна улога во драмска серија

Џејсон Бејтман, „Озарк“
Стерлинг К.Браун, „Ова сме ние“
Стив Карел, „Утринско шоу“
Брајан Кокс, „Наследници“
Били Портер, „Поза“
Џереми Стронг, „Наследници“

Најдобра актерка во главна улога во драмска серија

Џенифер Анистон, „Утринско шоу“
Оливија Колман, „Круната“
Џоди Комер, „Убивањето на Ева“
Лора Линеј, „Озарк“
Сандра Оу, „Убивањето на Ева“
Зендаја, „Еуфорија“

Најдобар актер во главна улога во кратка серија или ТВ филм


Џереми Ајронс, „Чувари“
Хју Џекман, „Лошо образование“
Пол Мескал, „Нормални луѓе“
Џереми Поуп, „Холивуд“
Марк Рафало, „Знам дека ова е вистина“

Најдобра актерка во главна улога во кратка серија или ТВ филм


Кејт Бланшет, „Госпоѓа Америка“
Шира Хас, „Неортодоксна“
Реџина Кинг, „Чувари“
Октавија Спенсер, „Само-направена“
Кери Вашингтон, „Мали пожари насекаде“

Останатите номинации можете да ги погледнете ТУКА.

Извор: ВВС | Variety
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура