X
 25.07.2023 Наука

Зошто Ајнштајн не бил дел од проектот „Менхетен“ иако го убедил претседателот Рузвелт да направи атомска бомба?

Алберт Ајнштајн одиграл клучна улога во убедувањето на претседателот Френклин Д. Рузвелт да го започне проектот „Менхетен“ и да ја развие првата атомска бомба во светот.

Но, познатиот теоретски физичар никогаш не учествувал во тајниот проект воден од физичарот Ј. Роберт Опенхајмер; Американските власти беа загрижени дека неговите левичарски политички ставови претставуваат безбедносна закана.

Ајнштајн испратил писмо до Рузвелт во август 1939 година предупредувајќи го дека нацистите би можеле да развијат атомска бомба и го советувал за „брза акција од страна на администрацијата“, односно лансирање сопствена нуклеарна програма.

Во писмото се наведува работата на унгарскиот физичар Лео Зилард, а Зилард помогнал да се подготви писмото, кое Ајнштајн го потпишал.

Како и да е, канцеларијата на американската армија за разузнавање била загрижена за политичката идеологија на Ајнштајн и во јули 1940 година му го скратила безбедносното одобрение за работа на проектот, според Американскиот музеј за природна историја.

Исто така, разузнавачите им забраниле на научниците што биле дел од програмата, организирана од Опенхајмер, да се консултираат со Ајнштајн.

Проектот „Менхетен“ бил официјално создаден во август 1942 година, по неколку месеци откако САД влегле во војната. Долгогодишната програма го развила првото нуклеарно оружје во светот, кое подоцна било фрлено врз јапонските градови Хирошима и Нагасаки во 1945 година.

Тој подоцна изразил каење што ги советувал САД да почнат сопствена нуклеарна програма.

- Да знаев дека Германците нема да успеат да развијат атомска бомба, немаше да направам ништо - изјавил тој.

Зилард и неговиот колега физичар роден во Унгарија, Јуџин Вигнер, се согласиле со изјавите на Ајнштајн.

Проектот „Менхетен“ е центар на новиот биографски филм „Опенхајмер“ на режисерот Кристофер Нолан, кој ја прикажува работата на физичарот за развој на нуклеарните оружја.

Извор: Business Insider
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука