X
 25.08.2023 Образование

Конкурс за упис на Бреинстер Некст колеџ

Првиот акредитиран практичен ИТ-факултет, Бреинстер Некст колеџ (Brainster Next College), го објави конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии во учебната 2023/2024 година.

Бреинстер Некст колеџ оваа година ќе запише 75 студенти во првата година на студии, на акредитираната студиска програма Софтверско инженерство и иновации, која трае 3 години и преку која студентите по дипломирањето ќе се стекнат со 180 ЕКТС и диплома за завршени додипломски студии.

Покрај тоа што студиската програма е креирана во соработка со компании од ИТ-индустријата и според реалната потреба за квалификувани кадри во областа на информатичките технологии, таа нуди и практично и применето образование преку современа методологија, работа на реални проекти и пракса кај партнерски компании.

Бреинстер Некст колеџ нуди повеќе опции на плаќање на годишната школарина – меѓу кои и уникатниот модел за финансирање на студиите „Студирај сега, плаќај по вработувањето“, кој им овозможува на студентите да студираат за 0 денари во текот на целите студии и да почнат со плаќање на школарината на бескаматни рати дури по дипломирањето или вработувањето.

Пријавувањето на кандидатите за упис на факултетот се врши во целото времетраење на конкурсот, а првиот уписен рок се затвора на 1 октомври 2023.

Целиот конкурс можете да го прочитате ТУКА.
Втората студиска програма Примена на информациски технологии - дигитален дизајн и интерактивни технологии е во процес на акредитација.

Факултетот, на 29 август, со почеток во 17:00 часот организира Отворен ден за заинтересирани кандидати и родители на кој ќе може да се добијат сите информации во врска со уписите и да се присуствува на интерактивни предавања за кои ќе се издаваат сертификати. За повеќе информации, посетете ја и нивната веб-страница next.edu.mk.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование