X
 14.07.2023 Образование

Објавен конкурсот за прием на студенти во студентските домови

Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Македонија за студиската 2023/2024 година.

Во сите студентски домови во земјава има 4.480 слободни легла, од кои најмногу се во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје (1.176).



Студентите што се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на интернет-порталот e-uslugi.mon.gov.mk. Студентите може да конкурираат за прием само за еден студентски дом. Рокот за пријавување на студентите од II година и повисоките години почнува од 17.7.2023 година и трае до 31.7.2023 година. Рокот за пријавување на студентите од I година почнува од 1.9.2023 година и трае до 11.9.2023 година. Доколку по објавување на конечните списоци со примени студенти по домови останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, пријавување ќе продолжи до нивно пополнување, но најдоцна до 30.11.2023 година.

Студентот се вселува во студентскиот дом почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој е примен, но не подоцна од 10 дена од објавениот конечен список.

Целиот конкурс, како и листата со потребни документи, можете да ги видите и преземете ТУКА.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование