X
 26.04.2020 Образование

Ова се универзитетите што најмногу придонесуваат за решавање на глобалните проблеми

Пандемијата на коронавирусот претставува глобална закана, но светот се соочува и со други сериозни предизвици. Ранг-листата со влијателни универзитети на „Тајмс“ дава слика за универзитетите што се најефикасни во борбата со глобалните проблеми, како климатските промени, загадувањето и недостигот на вода.


Фото: Pixabay

Во последните 12 месеци универзитетите низ светот создале разни решенија, меѓу кои и помагала за дишење за пациентите заразени со коронавирус. Ранг-листата ги зема предвид активностите направени од универзитетите во спроведувањето на 17. цели за одржлив развој на Обединетите нации, со што позитивно придонеле за економијата и општеството на глобално ниво.

Следува листата со 10. најдобри универзитети во поглед на нивниот придонес за доброто на планетата.

1. Универзитет на Окленд, Нов Зеланд
2. Универзитет на Сиднеј, Австралија
3. Универзитет на Западен Сиднеј, Австралија
4. Универзитет „Ла Троб“, Австралија
5. Државен универзитет на Аризона, САД
6. Универзитет на Болоња, Италија
7. Универзитет на Британска Колумбија, Канада
8. Универзитет на Манчестер, Велика Британија
9. Лондонски кралски колеџ, Велика Британија
10. Универзитет РМИТ, Австралија


Фото: Универзитет на Окленд/Pixabay

Втора година по ред на врвот на листата се наоѓа Универзитетот на Окленд во Нов Зеланд. По него следуваат три универзитети во Австралија.

На листата со најдобри 20 доминираат универзитети од развиени економии, а меѓу нив има два нови универзитети во споредба со минатата година: кинескиот универзитет „Тонгџи“ на 13. место и бразилскиот Универзитет на Сао Пауло на 14. место.

Автор: Џони Вуд
Извор: weforum.org 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование