X
 26.04.2021 Наука

Истражувачи проценувале колку меурчиња се формираат кога пивото ќе се тури во чаша

Истражувачи од Универзитетот во Ремс, Франција, неодамна објавија една невообичаена студија која испитува колку меурчиња се создаваат кога ќе се наточи пиво. Студијата делумно е финансирана од францускиот Национален центар за научни истражувања и ќе помогне во решавањето на едно многу важно прашање, барем за некои луѓе.

Пивото е еден од најстарите алкохолни пијалаци на планетата и некои историчари веруваат дека првпат било направено пред повеќе од 12 илјади години. Други поконзервативни процени посочуваат на времето од пред околу пет илјади години и антички Египет.

Денес пивото е еден од најпопуларните пијалаци во светот. Процесот на ферментација што стои зад пивото ги претвора шеќерите во алкохол и јаглероден диоксид. Кога ќе се стави во шише, тие меурчиња остануваат во раствор со повеќе јаглероден диоксид кој обично се додава за да се создаде саканата газираност на конечниот производ. Тие меурчиња се есенцијален дел од она што се смета за добро пиво, дополнувајќи ги вкусот и текстурата во кои уживаат милиони лица низ светот.

Но, колку меурчиња се ослободуваат кога пивото (во овој случај поголемо) конечно ќе се отвори за да се пие? Токму тоа сакале да го дознаат Жерар Лиже-Белер и Клада Силиндр од Универзитетот во Ремс.

Претходно Лиже-Белер проценил околу милион форми во чаша шампањско, но проценките за пивото биле помалку сигурни.



За да ја направи процената, тимот го измерил нивото на јаглероден диоксид во комерцијално светло пиво веднаш по сипувањето во чаша. Потоа, тимот пресметал дека во стандардни температури за пробување (5,56  Целзиусови степени) во празнините и вдлабнатините на чашата широки повеќе од 1,4 микрон се формирале текови на меурчиња.

Потоа, користејќи многу брзо фотографирање, тие покажале дека тие меурчиња растеле во волумен како што оделе кон површината. Овој процес фаќа и транспортира повеќе од растворениот јаглероден диоксид во пивото.

Како што се намалувал останатиот растворен гас, се достигнувала одредена точка кога веќе не се формирале меурчиња и пивото станувало негазирано.

Преку оваа комбинација на техники тимот успеал да процени дека во зависност од пивото, обично се испуштаат 200.000 и два милиона меурчиња пред околу 240 милилитри пиво да стане негазирано.

Дополнително, тимот успеал да утврди дека бројот на меурчиња што се формираат од пивото или шампањот е различен во зависност од чашата, особено кај оние со поголеми несовршености.

Извор: Interesting Engineering
Фотографии: Pixabay
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука