Музиката често се опишува како најапстрактната од сите уметности, а веројатно и најмалку визуелната. Но, овие квалитети, кои изгледаат толку основни за природата на формата, биле оспорувани најмалку три века, и тоа не само од композиторите. Земете го Антонио Вивалди за пример, чие дело „Четирите годишни времиња“ предизвикува не само впечатоци за годишните времиња, туку и различни природни и човечки елементи карактеристични за нив. За помалку од еден час неговите слушатели - без разлика дали биле од почетокот на 18 век или на почетокот на 21 век - ги „гледаат“ и доживуваат пролетта, летото, есента и зимата.
Сега, композиторот Стивен Малиновски ги визуализирал „Четирите годишни времиња“ на сосема поинаков начин. Тој ја користи својата Музичка анимациска машина за да создаде нешто што би можело да се нарече „графички партитури“.
Во продолжение ќе видите четири видеа, при што секое визуализира по еден од концертите на делото.
За „Пролет“ и „Есен“, Малиновски анимира изведби на виолинистот Шунске Сато и музичари од холандското друштво „Бах“; за „Лето“ и „Зима“, изведби на Синтија Милер Фрајвогел и ансамблот за рана музика „Гласови на музиката“.
Овие партитури користат и систем наречен „хармонично боење“, што Малинковски го објаснува овде.
Извор: openculture.com
Фото: Freepik