X
 26.08.2025 Живот

Ова е најскапата европска дестинација: Дали вреди да се посети?

Патувањата можат да бидат незаборавни, но и исклучително скапи, особено ако планирате да го посетите Исланд.

Според најновото истражување на финансиската компанија „Форекс комплекс“, оваа популарна европска дестинација го зазеде првото место на листата на најскапи места за одмор во 2025 година, барем кога станува збор за американските туристи. Истражувањето опфатило 19 меѓународни дестинации, а Исланд се издвоил со просечен дневен трошок од над 400 долари, што е повеќе од која било друга земја во анализата.

Една од главните причини за толку високите цени е инфлацијата во Исланд, која изнесува 5,5 отсто, а што директно влијае врз цените на сместувањето, храната и превозот.

- Флуктуациите на валутите можат значително да ги променат трошоците за патување, дури и во земји со стабилни локални цени. Промените на курсот можат незабележливо, но суштински да влијаат врз туристичкиот буџет, а оние што го занемаруваат тоа би можеле да имаат многу поскапо лето од планираното - порачуваат од „Форекс комплекс“.

На второто место на најскапите дестинации е Австралија, со просечен дневен трошок од околу 280 долари. Иако инфлацијата таму е релативно ниска - 2,4 отсто - цените на услугите и понатаму остануваат високи.

Мексико и покрај тоа што има релативно ниски основни цени, поради промените во девизниот курс, станува поскапа дестинација за странските посетители.

 

Извор: b92.net
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот