X
 27.02.2017 Култура

Утопискиот град во кој нема пари и политичари

Замислете високо технолошки енергетско ефикасен град во кој не постојат пари и политичари - едноставно, можете да влезете во центарот на заедницата и да позајмите нешто што ќе ви биде потребно, а сето ова е водено од страна на централен компјутер.

Ова е амбициозната животна цел на 100 годишниот футурист Жак Фреско, проект наречен „Venus Project“.

Иако Жак нема да биде жив кога би се реализирал проектот, доколку некогаш би се реализирал, тој поминал цели 40 години обидувајќи се да ја реализира неговата идеја. Според мисијата, проектот има за цел да постигне одржлива нова светска цивилизација без политика, сиромаштија и војни.

Заедницата нема да биде предводена од политичарите, туку од централен компјутер кој соодветно ќе ги распредели ресурсите. А како што вели Фреско, компјутерите не се подложни на корупција.


Фото: The Venus Project

Архитектот и дизајнерот Роксан Медоус е ко-основач на проектот, работела со Фреско уште од 1975 година во развивање и промовирање на овој проект. Тие заедно сакаат да изградат место каде „технологијата и методите на науката ќе се применуваат за редизајнирање на нашиот општествен систем, каде најважно би било зголемувањето на квалитетот на животот наместо профит“, вели таа.

Во книгата на Фреско „The Best That Money Can't Buy“, од 2002 година, тој вели: „Ако навистина сакате да се стави крај на нашите тековни меѓународни и социјални проблеми, на крајот мора да се изјасните дека Земјата и сите нејзини ресурси се заедничко наследство на сите на луѓе во светот“.

Ви звучи познато, нели? - Бидејќи ова е основната филозофија на утописки град. Овој утописки град ќе ги замени политичките лидери со инженерски системи. Планира да користи системи со вештачка интелигенција за решавање на социјалните проблеми со кои би се соочувала заедницата, како и за доделување на ресурси.

„Овој социо-економски систем ќе обезбедува правична распределба на ресурсите на ефикасен начин, без употреба на пари, трговија, кредитни картички и слично“, вели Медоус.

Таа истакнува дека иако немаме доволно пари за секој да има куќа на планетата, имаме ресурси за обезбедување на целото светско население. Основачите сакаат овој проект да биде микрокосмосот на оваа идеја.

2

„Проектот гледајте го како една народна библиотека каде можете да позајмувате многу книги, о да ги вратите кога ќе ги прочитате. Ова може да се направи со се` што не се користи на дневна основа“, вели таа.

„Во општество каде што стоките и услугите се достапни за целото население бесплатно, сопствеништвото станува товар кој конечно може да се надмине од системот на заедничка сопственост“.

Фреско и Медоус го купиле имотот во 1979 година, за да работат на нивниот сон. Тие засадиле стотици дрвја и започнале да градат примери за масовно производствени домови.

Во моментов се наоѓаат две згради кои содржат работилници полни со стотици модели и нацрти за утописки град. И покрај децениската работа, проектот останува во неговата имагинарна фаза.

И покрај тоа што сакаат да се откажат од системот на валута, сепак тие не можат да избегаат од реалноста дека капиталот е голема пречка за спроведување на проектот.

„Не го изградивме она што сакавме, го изградивме она што можеме да си го дозволиме“, вели Медоус.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура